Два гола на Пандев во мрежата на Абиати за заокружување на одличниот период во кој се наоѓа најдобриот македонски фудбалер. Во тешки услови за игра Лацио благодарение на двата гола на Пандев го совлада Торино и се искачи на 5 место на само еден поен од местото кое води во лигата на шампиони ,на кое сега се наоѓа Емполи.  Популарниот Гоче со прекрасен лоб удар ги доведе римјаните ги  водство во 11 минута.

 
Пандев го постигнува првиот гол

Нешто подоцна имаше уште една одлична можност но Абиати беше сигурен.Во 57 минуата Горан влезе во бележникот на главниот судија, а 3 мин подоцна стрелаше за конечни 2-0  .
Пандев во 24 настапи сезонава во небесно синиот дрес на Лацио постигна 5 гола во серија А и 3 во италијанскиот куп .


во топ форма – Горан Пандев

Добрата игра на Пандев доаѓа во вистинско време пред еден од клучните натпревари за нашата репрезентација, против Хрватска на 24 Март на Максимир. Љубителите на фудбалот во Охрид ќе можат да се дружат со македонските репрезентацивци кои од 19 Март ќе се подготвуваат на Билјани Извори  

Кариерата на Пандев низ бројки

Екипа   Натпреварување е  Настапи   Гол
Лацио  Серија  А                      21          5
Лацио   Куп на Италија              3          3

Сезона  Екипа   Натпреварување е  Настапи   Гол
2005/2006  Лацио  Серија  А                 35         11
2004/2005  Лацио  Серија  А                 25           3
2003/2004  Анкона  Серија  А                20           1
2002/2003  Специа Серија  Ц1              22           4
2001/2002  Интер   Серија  А –  –
2000/2001  Беласица   Македонија       18           6

М. Постолоски