Наполи прокоцка одлична шанса со победа над Болоња да се приклучи во горниот дел, но наспроти избраниците на Мацари одиграа само 1-1 пред своите гледачи.


Очекувавме дека натпреварот со Болоња нема да биде лесен, тешко е да играш со екипа која мисли само на одбрана. Погодокот што го примивме дополнително ни ја отежна работата, успеавме да се вратиме но ни е да триумфираме. Мечот со Болоња беше од големо значење и жалиме што ги разочаравме нашите фанови – истакна Горан Пандев.

Капитенот на македонската репрезентација го одигра целиот натпревар, но не успеа да го пронајде патот кон противничката мрежа. Наполи во наредната 19-та рунда гостува кај Сиена.

Мх.П.