Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев кариерата ќе ја продолжи во Наполи откако направи трансфер од Интер во дресот на “азурите“ за осум милиони евра. “Кунг фу“ Пандев минатата сезона го носеше дресот на Наполи, но настапуваше како појазмен фудбалер од Интер.

Поранешниот фудбалер на Лацио и Анкона, Пандев се очекува да потпише договор три години, вреден 2.5 милиони по сезона. Со тимот на Интер, македонскиот интернационалец освои пет титули, Лигата на Шампиони, Серија А, Копа ди Италија, Светско Клупско првенство и Супер купот на Европа.

Мх.П.