Асистентот на селекторот во фудбалската репрезентација на Турција, Хамза Хамзаоглу е човекот кој го наследи Чезаре Прандели на тренерската функција во Галатасарај.
Челниците на клубот одлуката околу именувањето на новиот тренер ја донеле по консултациите со турскиот селектор Фатих Терим, кој е поранешен тренер на Галатасарај и под чие водство клубот забележа резултати кои се запишани во клупската историја пренесува „Макфакс“.
Италијанецот, Чезаре Прандели, доби отказ поради лошите резултати во Лигата на шампионите, Галатасарај во конкуренција на Борусија Дортмунд, Арсенал и Андерлехт во пет натпревари има освоено само еден бод. Во средата по поразот од Андерлехт клубот ги загуби и шансите за пласман на третото место во групата, кое носи пласман во Лига Европа.
Прандели во рок од само пет месеци вторпат остана без работа, тој по завршувањето на Светското првенство поднесе оставка на селекторската функција во италијанската репрезентација, а во четвртокот доби отказ во Галатасарај.
Ohridnews