Најдобриот македонски фудбалер и сопственикот на Фудбалскиот клуб Академија Пандев, Горан Пандев револтиран од состојбите во македонскиот клупски фудбал најави повлекување од секаде, ако работите во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) не се сменат на подобро. Денеска беа одложени петте мечеви од Првата лига, а вчера во снежни услови се одигра дуелот помеѓу Академија Пандев и Работнички, кој заврши во корист на гостите со 0-1.

Срамно и жално… Уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките се вакви… Доста се криевте зад успесите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата, што гиневме за македонскиот дрес. Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период. Подготвен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во фудбалската федерација, да се тргнам на страна…“ – вели Пандев во објавата на својот официјален Инстаграм профил.

OhridNews