Горан Пандев ќе биде меѓу стартерите на вечерашниот куп натпревар за Интер против Рома во рамки на полуфиналето од италијанскиот куп.


Копа Италија е единствениот трофеј за кој останаа во игра “нероазурите“, по елиминацијата во Лигата на Шампиони, и заостатокот зад Милан од осум бода во Серија А.

Рома е во горниот дел од табелата на местата кои водат во Лигата Европа. Натпреварот на „Олимпико“ почнува од 20.45 часот, а реваншот во Милано е закажан за 11 мај.

Второто полуфинале се игра утре, а во него, Милан го пречекува Палермо на „Сан Сиро“.