Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев постигна еден од двата погодоци за Џенова во победата (2-1) над Лацио на Олимпико во последниот меч од 23-та рунда во Серија А.

„Гранде Пандев“ со погодокот во 55-та минута против својот поранешен клуб го отвори резултатот. Водството на гостите траеше само четири минути, откако Пароло го изедначи резултатот. Победата и трите бодови гостинската екипа ги осигура во 90-та минута со погодокот на Диего Лаксалт.

Со трите бодови Џенова се искачи три места на табелата и побегна од опасната зона, додека „лацијалите“ останаа на третата позиција со бод повеќе од Интер.

OhridNews