Македонскиот интернационалец Горан Пандев со три погодоци за 17 минути стави точка на голгетерскиот пост во дресот на Галатасарај.


Пандев реализираше во 27-та, 39-та и 45-та минута во турскиот куп против третолигашот Балчова Јашамспор.


Ова се први погодоци за Македонец во турскиот гигант откако пристигна од Наполи во последниот ден од летниот преоден рок.

Мх.П.