Второпласираната екипа на табелата во Серија А, Рома со минимална победа (1-0) над Џенова ја започна втората полусезона во „Калчо лигата“.


Домаќините сами си пресудија на мечот и подарија победа на „волчицата“, откако во 39-та минута Армандо Ицо несреќно ја затресе сопствената мрежа.


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев остана закован на клупата и не доби прилика да игра во првиот натпревар во Новата 2017 година.

Резултати: Удинезе – Интер 1-2, Киево – Аталанта, Лацио – Кротоне 1-0, Сасуоло – Торино 0-0, Милан – Каљари, Јувентус – Болоња.

OhridNews