“Градежниците“ со минимални 1-0 го совладаа вицепрвакот Металург и им го нанесоа првиот пораз во подготовките за втората полусезона, за Охрид Лоте ова беше само втора победа во предсезоната.


–  Во пролетниот дел од првенството, ќе покажаме дека триумфот над Металург не бил случаен. Охрид Лоте ќе игра важна улога во кроењето на табелата, а ние ќе атакуваме на петтото место – потенцираше членот на УО на Охрид Лоте, Спасе Панџак.

Охрид Лоте првиот дел од Втората македонска фудбалска лига ја заврши на 12-та позиција со 18 бодови. “Градежниците“ втората полусезона ја отвараат на гости кај Еуромилк.

Мх.П.