Панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“ ќе се одржи на 05.12.2024 во 12.00 часот во Касарна Хаб во Охрид.
Учесници на панелот ќе бидат Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, Емил Ангелов, лидер на тимот одговорен за спроведување на проектот за оддржливо управување со отпад во Македонија поддржан од SALAR International, Проф. Др. Драган Ѓорѓев, специјалист по здравствена екологија и Блаже Јосифовски, претставник од граѓанскиот сектор, Гоу Грин од Скопје, експерт во оддржливо управување со отпад и концептот на нула отпад во општините.
Панелот ќе понуди можност за транспарентно излагање на досегашните чекори спроведени според Планот за управување со отпад во југозападниот и пелагонискиот регион, пречките во неговото остварување, здравствените проблеми кои настануваат со ненавременото решавање на овие еколошки проблеми и улогата на граѓанскиот сектор во изнаоѓање на конструктивни и оддржливи решенија, велат организаторите од иницијативата „Збогум Буково“.
Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“ Септемвриското издание ...
ЈП „Охридски Комуналец“ расчисти повеќе диви депонии во УЗ8 „Билјанини Извори“ во Охрид Од локациите, како што информираат, подигнати се околу 16 кубни метри кабаст и зелен отпад Неодговорното одне...
Со велосипедско дефиле по градските сообраќајници денес Општина Охрид се приклучи кон одбележување на „Ден без автомобили“ по повод Европската недела на мобилност што се одбележува од 21 до 27 сеп...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.