Панел за кариера ќе се одржи на 13 октомври со почеток во 19:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид. Настанот, како што посочуваат, го организираат во рамките на програмата за развој на младинско лидерство, „Млади лидери создаваат иднина“.

Учесници во Панелот ќе се наши успешни сограѓани. Тие ќе зборуваат за својот кариерен пат и за своите професионални искуства, како и за знаењата и вештините потребни за да се успее во нивните професии, посочуваат.

Панелот, додаваат, претставува одлична можност младите да слушнат инспиративни приказни и да стекнат знаења што ќе им користат во остварувањето на нивните цели.

OhridNews