Во Охрид продолжуваа чествувањата по повод 24 мај-Денот на сесловенските просветители. Денес со почеток во 09:30 часот  ќе се одржи панихида и свеченост во чест на светите Кирил и Методиј во Домот на култура „Св. Кирил и Методиј“ во Кошишта.

Потоа следува полагање на свежо цвеќе пред монументалниот споменик на Св. „Кирил и Методиј“, како и доделување награди на најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари во 10 часот.

Со почеток во 12 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи Фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2022“, додаваат од Општина Охрид.

Во рамките на годишената програма вчера беше промовирана книгата за светите браќа Кирил и Методиј од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго- Димоски, додека во саботата беше одбележан патрониот празник на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

OhridNews