Со полагање венец и свежо цвеќе пред бистата на поетот пред библиотеката „Григор Прличев“, денеска продолжуваат „Прличевите беседи“.

На пладне ќе се одржи панихида на гробот на Григор Прличев,  а еден час подоцна  во спомен-куќата на Григор Прличев ќе има пригодна културна програма во рамки на која ќе се одржи рецитал од литературното творештво на Прличев во изведба на учениците од рецитаторската секција при ОСУ ” Св. Климент Охридски”.

Манифестацијата ќе биде збогатена со културно-уметничка програма во изведба на учениците од ОУ „Григор Прличев“.

OhridNews