Во чест на жртвите во Охридското востание кое се случило пред точно 100 години, денес, во црквата „Свети Никола“, Долна влашка маала, се одржа панихида на која присуствуваа верници, граѓани, меѓу кои и членови на општинската ВМРО- Народна партија.

Со цел јавноста повеќе да дознае за она што точно се случувало пред 100 години, во подготовка е документарен филм за Охридското востание во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски.

Охридското востание кое било предводено од Петар Чаулев, било организирано во соработка со албанскиот револуционерен комитет, што всушност претставува и соединување на македонците и албанците , против тогашната српска окупаторска власт. Значајно е што востанието се случува во 1913 година, кога е потпишан Букурешкиот мировен договор и може да се каже дека  е резултат на незадоволството на народот  од потпишувањето на мировниот договор и е во знак на револт кон големите сили поради нивното учество во потпишувањето.

OhridNews