Двокатниот панорамски автобус кој општина Охрид го доби како подарок од владата, а потоа му го предаде на користење на ЈП Билјанини извори, деновиве ќе биде пуштен во употреба.

Од јавното претпријатие „Билјанини извори“ информираат дека во тек е неговото брендирање.

– Автобусот ќе се користи за слободен превоз, за граѓаните кои сакаат да го закупат и да се возат до одредена дестинација. Се подготвува теренот за да може автобусот да вози до Заливот на коски, редовна линија нема да има, изјави в.д директорот на јавното претпријатие „Билјанини извори“, Иван Цветкоски.

Панорамскиот автобус  е произведен 2012 година. Има 60 места за седење и 20 места за стоење.  Автобусот е и со електрична погонувана рампа за инвалиди што претставува и доследна примена на законските обврски со кои се обезбедува пристапност за лицата со инвалидитет до сите објекти.

OhridNews