-Промовирање на Охрид како туристичка дестинација и развивање на повеќе видови туризам, политиката на носење на ДУП-ови како поддршка на туристичкиот развој на градот, поддршка за подобрување на инфраструктурата, поддршка за реновирање на сите училишта и изградба на спортски сали, како и пддршка на Иницијатива за носење на Закон за градот Охрид, ќе бидат заложба на советничкта група на ВМРО ДПМНЕ во новиот состав на Советот, најави денеска на прес конференеција, Дејан Паноски – кандидат за член на општинскиот Совет.

„Своето меѓународно искуство и кредибилитет ќе ги ставам во служба на Охрид“
– Дејан Паноски
ВМРО-ДПМНЕ понуди листа кандидати за советници во која склопени во едно се искуството на дел од кандидатите, со младоста и новиот позитивен ветер кој ќе биде освежување на демократските капацитети на Охрид, рече Паноски.
– И како нов квалитет советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да бидат само советници на седниците туку како избрани од граѓаните ќе имаат агенда за редовни средби меѓу граѓаните од урбаните и селските заедници за да ги пренесат и предлагаат нивните иницијативи . Во сите нив , и јас лично , своето меѓународно искуство и кредибилитет , својот досегашен придонес за градот , институционалното познавање и еколошко-туристичките визии , ќе ги ставам чесно и посветено во служба на Охрид, потенцираше Паноски.
Според него Советот на Охрид никогаш повеќе не смее да биде место за остварување на лични интереси и лични агенди .
-На Охрид неопходно му е потребен Совет со силна политичка поддршка и поради тоа Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара широк мандат од граѓаните на Општина Охрид за да може да ги спроведе програмите и целите .Во тоа име и ги замолувам сограѓаните за широка поддршка на изборите на 22 март, рече Паноски.











