Никаква реална идеја,никаква иднина за Охрид. А програмата ,само извор на желби,несериозност и  комичност. Почитувани , еве ова е тоа книвче наречено програма и сега ве молам да ги споредите стратегиите , проектите, роковите, финансиската конструкција на програмата на ВМРО ДПМНЕ и она што е набзрина и несериозно напишано во оваа тнр.програма на СДСМ. И зад таа тнр.програма, ни се нудат кадри кои 4 години наназад ги донесоа најштетните о длуки за Охрид  во Советот. После 2900 денови на власт во Охрид ,пред граѓаните да излезете со ваква белешка е понижувачки кон Охрид, рече на денешнат апрес конференција кандидатот за член на советот од ВМРО- ДПМНЕ, Дејан Паноски, осврнувајќи се на вчерашната конвенција на Сојузот за иднината.

– Прво тнр.програма преставува повторување на досегашните неостварени ветувања без објаснување како тие  би се оствариле во иднина и зошто 8 години не ги оствариле во Охрид. Тнр.програмата е тотално дисфункционална со реалноста , без буџет, полна со небулози  и со понудата за истите комунални зафати кои секоја година се нудат во годишните програми на Општината. Еве неколку од  основните програмски  разлики.За ВМРО ДПМНЕ туризмот во Охрид подразбира новини за развој и промоција на најралични видови туризам и изградба на објекти,центри и инфраструктура . СДСМ  туризмот ќе го развиваат со цитирам „целосно разбирање ка клучните правци за развој на туризмот и туризам во сите негови облици кои за СДСМ значи специјализирани земјоделски и сточарски фарми и правни и консултански услуги , страна 9“. За ВМРО ДПМНЕ економскиот развој подразбира капитални инвестиции ,индустриска зона и реални вработувања, а СДСМ  и после 8 години зборува дека ќе направи 3 катни гаражи. По една во мандат да направеа сега ќе имаше за правење само уште една. Да имаше барем направен затворен пазар,базен , автобуска, улици, фонтани, сега ќе зборувавме за други инвестиции. После 8 години ништо во Охрид, навистина е време ,ама време за промена и време за други луѓе,идеи и пристап, рече Паноски.