
Македонија на овој состанок ја претставуваше Дејан Пановски од Министерството за животна средина и просторно планирање. На состанокот во Брисел посветен на адаптирањето кон климатските промени учествуваа преставници на сите земји членки на ЕУ како и преставници на земјите кандидати, кои разговарале за потребата од адаптација кон климатските промени.
Според Пановски климатските промени претставуваат голем еколошки и економски предизвик и за развиените земји и за оние во развој кои ќе мора да размислуваат за поголеми вложувања во екологијата.
“Заклучокот е дека ни е строго потребно зазеленување на економијата
кое ќе се базира на енергетската ефикасност, инвестиции во јавниот
транспорт и еколошки критериуми при градба на нови објекти или
реновирање на старите“ , изјави Пановски по завршувањето на состанокот.
Пановски
ја пренесе пораката дека Европската Унија ќе работи на стратегијата и
на можностите за финансирање во зелената економија . „Македонија има
направено стратешки чекори во тој правец и треба да се засили степенот
на политички одлуки и подготвеност за менаџирање на финансиската
поддршка која се очекува“ рече Пановски.












