
Во работата на ЕЕА учествуваат 38 европски земји, членки и соработнички на Агенцијата. На состанокот ќе бидат утврдени потребните активности и ќе биде донесен планот за иплементација за 2008 година за развивање на заедничкиот европски информативен систем за животна средина (СЕИС), кој ќе придонесе да се подобри размената, квалитетот и управувањето на податоците и информациите за животната средина, а со тоа да се подобри и донесувањето на ефективни политички и стратешки мерки во животната средина.
Исто така ќе се утврдува развојната политика на новата ЕЕА стратегија за работа во периодот 2009-13 година, во која како приоритети беа дадени на зајакнување на врските со меѓународните организации како ОЕЦД, ОСЦЕ, УНДП, ВМО и Светска банка. Градење и насочување на клучните индикатори и приоритетен проток на податоци за животната средина и понатамошно промовирање и употреба на ЕИОНЕТ мрежата и СЕИС концептот.
ohridnews











