“Одлуката за уште една кандидатура на актуелниот градоначалник и на овој ист тим во најмала рака е понижувачки однос кон Охрид  и е резултат на негативна селекција во СДСМ, изјави координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, Дејан Пановски.

–    Сега ќе треба да одговорат зошто како вредности на Охрид се поддржуваат корумпираноста, лагата, манипулацијата ,зошто поддржуваат тим кој ништо добро не направил за Охрид,зошто поддржуваат тим кој од Охрид само зема, а ништо за Охрид не придонесол. Изјавата ја даваме од Локалната самоуправа, местото од каде со штетни одлуки се врши паѓањето на Охрид, рече Пановски.

Тој додаде дека охриѓани многу добро знаат до што ги доведе оваа гарнитура во Локалната самоуправа.

–    Затоа прилично сум сигурен  дека граѓаните на Охрид  ќе се обединат и никогаш повеќе нема да се идентификуваат со ваков тим и ваков коруптивен начин на  раководење со Охрид. На охриѓани им треба враќање на вистинскиот Охрид  и заедно ќе донесеме  нов  тим и  позитивен  пресврт, потенцира координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ. “

OhridNews