Грижата за екологијата не треба да биде само на Денот на планетата земја, туку треба да биде постојана, смета Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на животната средина.
– Се присетуваме на животната средина само на денови на планетата, на екологијата. Сите други денови вршиме жестоки напади врз водите, воздухот , почвата, живиот свет како да ни се најголеми непријатели. И потоа одеднаш повторно сме загрижени за нив и кажуваме некакви пароли со важност само до следниот ден. Тоа однесување е класичен ЕКО-тероризам врз сопствената планета, вели Пановски обраќајки се по повод Денот на планетата земја.











