
„Ги мотивирам сограѓаните да ги извадат на површина и кандидираат сите охридски позитивни индивидуални или институционални капацитети, кои со делувањето придонеле за афирмација на Охрид и Македонија. Нормално е дека сите нема да можат да добијат Повелба, но имињата на сите оние кои ќе добијат поддршка за кандидатурите ќе бидат јавно објавени што ќе биде потстрек за нивното делување. На Охрид му се потребни позитивни примери, позитивни луѓе и приказни, позитивна енергија. Вистинските вредности мора да се истакнат. Деструктивноста овде не е опција.“ -изјави Пановски.
Доделувањето на највисокото општинско признание во изминатите неколку години беше проследено со контроверзи и политички препукувања, што фрлаат сенка на настанот но и на трудот на плејадата заслужни охриѓани, организации и установи кои придонеле во афирмацијата на својот град во земјата и пошироко. Јавноста очекува соодветен однос на надлежните институции, но и од интелектуалната елита во градот со цел достоинствено одбележување на празникот на патронот на Охрид и афирмација на вистинските вредности.
OhridNews












