Денес во Брисел,иницијативата Environment and Security– ENVSEC одбележа 10 години заедничка соработка со агенциите на Обединетите Нации, ОБСЕ, Регионалниот Еколошки Центар и НАТО кои работеа на Пан-Европско ниво во насока на трансформирање на еколошките ризици во соработка и заедничко управување на природните ресурси.

На средбата, на која учествуваа преставници на Влади, експерти и организиции кои   дискутираа за предизвиците и идните чекори во регионалната соработка за животната средина и безбедноста, се обрати и Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро – член на Дрим кор Групата.

Пановски пред присутните упати порака за потребата од зајакнување на институциите , за продолжување на присуството на меѓународните иницијативи во регионот и за искористување на позитивниот политицки момент за акција.

Врвните преставници на донаторите и агенциите изразија јавна пофалба кон Пановски за сите залагања заедно со Тимот околу воспоставувањето на Дримскиот Дијалог и институционалните залагања за прекугранична заштита и на Охридското езеро , со препорака меѓународните иницијативи и натаму да бидат активни во нашиот регион.

OhridNews