На 6 Ноември во Брисел,иницијативата Environment and Security– ENVSEC одбележува 10 години заедно со агенциите на Обединетите Нации, ОБСЕ, Регионалниот Еколошки Центар и НАТО кои работеа на Пан-Европско ниво во насока на трансформирање на еколошките ризици во соработка и заедничко управување на природните ресурси.

На средбата ќе учествуваат преставници на Влади, експерти и организиции кои ќе  дискутираат за предизвиците и идните чекори во регионалната соработка за животната средина и безбедноста. Еднодневната средба ќе содржи сесија со презентации и излагања за најдобрите искуства во прекуграничната соработка за заштита на водените ресурси на Пан-европско ниво.

Со специјална покана од иницијативата ENVSEC еден од избраните говорници на работниот дел на средбата во Брисел е Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро – член на Дрим кор Групата. Пановски на сесијата во Брисел ќе говори за искуството со прекуграничното управување со Охридското Езеро и Дримскиот басен,предизвиците,градењето на доверба и идните планови.

OhridNews