– Посебно се осврнав на драстичните промени на нивото на водите на Охридското Езеро кои се под влијание или на сушни или на влажни климатски периоди и чија флуктација има и еколошки и економски импликации. Затоа бараме преку проектот да им се помогне на локалните самоуправи да се обучат за мерки за превенција преку адаптирање на урбаното планирање и регулација на притоките и да се воспостави прекуграничен мониторинг систем за рано предупредување од ризици, изјави Пановски.
Басенот на реката Дрим е еден од неколкуте басени во светот кој е влезен во мрежата на пилот проекти на речни басени токму на лобирање на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро.Во таа насока обезбеден е и Проект преку Германската влада за адаптација кон климатските промени во басенот на реката Дрим и Western Balkans на прекугранично ниво.