Од страна на Пановски ќе биде презентиран напредокот околу проектот за Дримскиот басен, а ќе биде направен и осврт на неопходноста од уште поголем меѓународен интерес и внимателност ,особено околу заштитата на Охридксото езеро како изворен дел на басенот.
За проектот за Дримскиот басен веќе се одобрени 4,5 милиони долари за три земји, што претставува најголемата досега одобрена инвестиција преку ГЕФ. Истовремено се работи и на инвестиција за климатски промени и нивна адаптација во басенот.