Парада под мотото „ПЕРФЕКТНО РАЗЛИЧНИ“, ќе се одржи денеска (недела) напладне, во организација на Клубот на млади на Црвен крст Охрид – ПХВ група која работи со деца со попреченост, од која ќе бидат упатени пораки за поддршка на ранливите категории во нашата заедница.
Парадата ќе почне од плоштадот Крушевска Република-Чинар. Можат да учествуваат сите заинтересирани наши сограѓани, кои заедно со лицата со попречености ќе парадираат низ охридската чаршија до Градскиот плоштад Св.Климент Охридски, каде ќе поминат на, за оваа прилика поставениот „црвен тепих“, по што ќе има дружење и забава со лицата со хендикеп, информираат организаторите.
Во рамки на акцијата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), преку 50 млади од Клубот на млади на Црвен крст Охрид изработуваат проектни активности насочени кон помош на ранливите категории во нашата заедница.