Параглајдерист од Украина вчера доживеал пад на планината Галичца во непристапен терен.

Алармирана била единицата за спасување на планина и непристапни терени, која успешно го извлекла параглајдеристот. Акцијата за спасување била слжѓена, бидејќи параглајдеристот при падот се здобил со повреди на р’бетот и долните екстремитети.

Повредениот бил пренесен во специјалната болница Св. Еразмо и се наоѓа надвор од животна опасност.

OhridNews