Околу педестина натпреварувачи од седум држави зедоа учество на Европското и државно првенство на Македонија во параглајдеризам во прецизно слетување кое викендов се одржа во Охрид.


Организатор на ова првенство беше “Делта – КЛУБ“ од Прилеп, а ЈУНП Галичица беше во улога на помагател. Натреварот е вистински тест за организаторите пред Европското првенство во прецизно слетување кое ќе се оддржи следната година во границите на паркот.


– Овај натпревар го организираме во соработка со воздухопловната федерација на Македонија, на овај тест имаме гостин од ФАИ кој треба да ги согледа сите недостоаци кои ќе треба да отстраниме до стартот на шампионатот наредната година , за кога очекуваме преку 100 натпреварувачи од 15 земји – рече Златко Спиркоски, раководител на натпреварувањето.


– Задоволна сум од она што го видов на натпреварот во Охрид, имате убава природа која треба и тоа како да ја искористите, немам посериозни забелешки на организацијата и се надевам дека в година ќе биде успешен шампионат и дека во Македонија ке дојдат голем број натпреварувачи од голем број земји – истакна Ники Спенс стујарт на ФАИ.


Од националниот парк Галичица кој е соорганизатор со прилепскиот клуб Делта,велат дека стрпливо ја развиваат стратегијата за заживување на алтернативните спортови во Охрид.


– Заеднички го продолжуваме проектот кој започна лани со светскиот куп во параглајдинг, а наредната година ќе бидем организатори на ЕП во прецизно слетување. Ова е продолжение, на она што ни беше првично идеа, да се развива овај алтернативен спорт, во рамките на НУ Галичица, каде ќе доаѓаат спортисти и туристи од целиот свет, овај натпревар е дел од стратегијата за развој на туризмот кој НУ Галичица го престави уште во 2008 година – рече Зоран Ангелоски директорот на Националниот парк.

М.П.