Европското првенство во параглајдинг во дисциплината прецизно слетување кое се одржува во Охрид поминува во најдобар ред. На првиот и вториот ден од ЕП, сите 77 учесници успеаа да ја прелетаат планината Галичица. 

– Максимално бевме подготвени за еден ваков настан. Од отварањето на ЕП до сега се поминува во најдобар ред. Сите параглајдеристи го комплетираа првиот круг и скокнаа по три или четири пати – потенцираше Златко Спироски од Делта клубот, кој е организатор на континенталниот собир.


За да биде учеството на еден параглајдерист валидно на Европското натпреварување мора да скокне минимум три пати. Еден параглајдерист има право на 12 скокови од кое се одбира најпрецизното слетување.


Мх.П.