Охрид викендов е домаќин на  Европското и државно првенство на Македонија во параглајдеризам во прецизно слетување.

Полетното место за параглајдеристите е над с.Велестово а слетувањето е на помошните терени на СРЦ “Атина Бојаџи“.

Учествуваат параглајдеристи од 15 европски држави помеѓу кои сегашни и некогашни светски прваци во прецизно слетување со параглајдер.


Организатор на ова првенство е “Делта – КЛУБ“ од Прилеп, а ЈУНП Галичица е во улога на помагател. Ова ќе биде вистински тест за организаторите за Европското првенство во прецизно слетување кое ќе се оддржи следната година во границите на паркот.

Ohridnews