Параглајдерист слета на еден од помошните фудбалски терен на СРЦ “Билјанини Извори“ пред стартот на натпреварот меѓу Охрид и Беласица. Поради прекрасната природа скоковите од планината Галичица се посебно примамливи за вљубениците во овај екстремен спорт.


Охрид наредната година ќе биде домаќин Европско првенство во параглајдерство во дисциплината прецизно слетување. Охрид лани на Илинден беше домаќин на светскиот куп во параглајдерство кој се одржа на падините на Галичица. На Светскиот Куп учество зедоа 53 параглајдеристи од 7 земји.

М.П.