Несреќата како што дознава Охридњуз се случила попладнево. Веднаш е алармирана Планинската спасителна служба, полицијата, Националниот парк Галичица, како и другите надлежни служби. Во тек е спасувачка акција за пронаоѓање и извлекување на параглајдеристот кој, според првичните информации, паднал на пристапен терен во месноста „Лако Сигној“ на планината Галичица.

Неофицијално се работи за холандски државјанин кој бил дел од група авантуристи со водич од Крушево. Засега не се знае карактерот на повредите на параглајдеристот, а по пристигнување на спасителите на местото на несреќата ќе се врши проценка за евентуално вклучување на хеликоптер во акцијата.

Г.М.
Фото: Архива Охридњуз