“Парче душа” – проектот на говорење македонска поезија на актерот Љупчо Тодоровски-Упа, после одлично посетените минатогодишни десетина настапи пред црквата Св. Јован Богослов на Канео и многубројните настапи годинава низ Македонија, овој петок и сабота во 21.00, повторно на старото место – Канео.

в

„Парче душа“ е избор на поезија што Упа ширум Македонија ја рецитира веќе подолго време. Намерата на Тодоровски е оваа запоставена област на актерско и сценско изразување- рецитирањето повторно да си го завземе своето место, да ја поврати публиката и состојбите на душата кои рецитирањето ги предизвикува.

Упа верува дека рецитирањето има публика, може да стане традиционално и долговечно и да биде поттик и охрабрување за други уметници да си одберат свое место и ден за настап и да најдат своја публика.

OhridNews