Француската фирма „Le Slip francais“ пласирала на пазарот парфимирана долна облека за мажи, благодарение на инвеститорите, кои воодушевени од овој оригинален производ, во проектот вложиле 19 илјади евра. Сопственикот на фирмата, Гијом Жибол, изјавил дека доколку сакате да го промените светот или животот, започнете така што ќе ја промените својата долна облека.
Парфемот се наоѓа во микро капсули и се шири при секое движење на телото, а трае до 30 перења. Станува збор за не така силен мирис, базиран на арома на крушка. Компанијата која има само пет вработени лица и чие седиште е во Париз, веќе продало 20 илјади парчиња миризлива долна облека, во бела и црвена боја, и се очекува овој производ да биде прифатен и на меѓународниот пазар, посебно во Јапонија.