Бугарскиот боксер Кубрат Пулев е казнет со 2 500 американски долари и задолжително ќе мора да оди на курс за спречување на сексуално вознемирување поради бакнежот во уста на новинарката Џенифер Равало среде интервју.

Немилиот и неочекуваниот настан се случи на крајот од март месец после победата на Пулев против романскиот боксер Богдан Дину. Пулев ја за лице новинарката на „Вегас спортс дејли“и страсно ја бакна пред камерата без нејзино одобрување.

Бугаринот има рок до 20 јули да ги исполни обврските, во спротивно ќе биде казнет со доживотна забрана за боксување. Иста таква казна му се заканува ако Пулев го повтори делото во иднина.

OhridNews