Предвидени средствата за доделување на парична помош на семејствата со првооделенци запишани во учебната 2022/2023 година во висина од 2000 денари во ООУ „Страшо Пинџур” на одржаната седница на Совет на Општина Вевчани со усвојување на ребаланс на буџетот.

Оваа предлог одлука, Претседателот на совет Леон Даскалоски предложи да се измени и да се зголемат средствата во висина од 4 негови паушали од седници на Совет кои му следуваат да се распределат на сите првооделенци. На овој предлог се надоврза и советникот Леон Парталоски и се согласи и неговите паушали од 4 седници кои му следуваат да се распеделат на сите првооделенци, информира градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочоски.

Со ребалансот на буџетот, додава, се обезбедени и средства за изградба на канализациона линија крак 3, крпење на ударни дупки на локалните улици, уредување на парковски површини, партерно уредување на дел од дворот во детската градинка.

OhridNews