
„За оваа учебна година очекуваме околу 10.000 ученици да го остварат ова право при што за реализација на оваа мерка предвидени се 120 милиони денари” рече Спасов.Тој појасни дека за да се аплицира за Условен паричен надоместок потребно е во меснонадлежниот центар за социјална работа да се поднесе барање и кон барањето да се приложи потврда за редовен ученик од училиштето каде што учи ученикот.
„Со цел корисникот на условен паричен надометок да има можност да ги добие сите четири исплати кои се предвидени за една учебна година, барањето мора да го поднесе во меснонадлежниот центар за социјална работа најдоцна до 30-ти септември. Доколку апликантот поднесе барање по овој датум ќе има можност да се вклучи во програмата од наредното училишно тримесечје по тримесечјето во кое го поднел барањето. Краен рок за поднесување на барања за условен паричен надометок за едно лице да може воопшто да се вклучи во програмата за тековната учебна година е 31-ви Март, но во тој случај корисникот ќе може да добие само една од предвидените четири исплати”, рече Спасов.
Програмата за Условен паричен надометок започна да се спроведува од почетокот на учебната 2010/2011 година, односно ова е веќе четврта година по ред како истатата се имплементира.












