Екипата на Интер со парични казни ќе ги санкционира Стеван Јоветиќ и Адем Љајиќ за бунтот кој го кренаа после поразот од Лацио на Џузепе Меаца.


Италијанските медиуми по завршување на мечот веднаш кренаа голема прашина околу жестока расправија меѓу одредени фудбалери и тренерот на Интер, Роберто Манчини.

Исто така парична казна доби и Филепе Мело за глупавите потези на мечот со Лацио кои го чинеа Интер три бодови.

Од клубот најавија уште по драстични казни и суспензии за фудбалерите кои во иднина ќе го кренат гласот против тренерот Манчини.

Ohridnews