Од почетокот на годината, наставниците од дури 128 училишта од земјава не внеле ниту една активност на учениците во електронската верзија на дневниците.
86 основни и 42 средни училиште од вкупно 461 низ Македонија, заборавиле на законската обврска за задолжително користење на е-дневникот, а најголем дел од нив се во Тетово, Гостивар и Куманово.
Како што коментираат од Државниот просветен инспекторат, училиштата во наредните осум дена имаат шанса да ги запишат пропуштените активности во е-дневниците, како би се избегнале прекршочни и парични казни.
Инаку, користењето на електронската форма на дневникот е законска обврска, согласно одлуката на 2011-та година.
OhridNews