Парично ќе се помагаат учениците од социјално загрозените семејства
02.11.10 09:00
Средношколците чии семејства примаат социјална парична помош, годишно ќе добиваат паричен надоместок од 12.000 денари во текот на една училишна година. Ова се новините што се содржани во Програмата за условени парични трансфери на Министерството за труд и социјална политика. Со неа се опфатени средношколците кои се од домаќинства корисници на социјална помош, домаќинства корисници на социјална парична помош чие право на помош е во мирување поради ангажирање во јавна работа и домаќинства кои во текот на учебната година ќе остварат право на социјална парична помош, а не се корисници на детски додаток.
Еден од основните услови е редовното посетување на наставата кое треба да биде околу 85 отсто и ќе се докажува со белешки кои ќе ги издаваат средните училишта. Аплицирањето за користење на ова право започна вчера и ќе трае до 30 ноември.
По исполнувањето на условите Центрите за социјална работа ќе издаваат решенија за условен паричен надомест , а првите пари средношколците ќе ги добијат во декември.
Оваа Програма за прв пат се имплементира во Македонија и ќе трае до 2014 година, а за нејзина цел обезбедени се 25 милиони долари со кредит од Светската банка.
Четворица кандидати ќе ја водат битката во Охрид на претстојните избори закажани за 19 октомври за градоначалничката функција Меѓу нив актуелниот градоначалникот Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО...
Калливата вода од градежни активности од утринава истекува во Охридското Езеро во близина на бензиската станица Лук Оил Од ЈП Колекторски систем Скопје, Подружница Охрид велат дека се излезени на т...
Пет кандидати влегуваат во трка за градоначалник на Општина Дебрца, меѓу нив Љупчо Паункоски од СДСМ и Коалицијата, Златко Силјаноски од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, актуелниот градоначалник Зоран Ног...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.