Центар за култура „Григор Прличев“

Од 10.12.2025 - 20:00 до 10.12.2025 - 22:00

Претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле повторно на репертоарот на Народен театар Охрид во среда, 10 декември, почеток 20.00 часот.

Актерската екипа на претставата ја сочинува Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре), а адаптацијата и режијата се на Андреј Цветановски.

Парите се отепувачка спаѓа во класиците на македонската драматургија и како таква секогаш е подложна за нови сценски прочити. А тоа е можно затоа што темата е секогаш универзална: Која е жртвата што ја прави оној што оди на печалба, но и која е жртвата на семејството кое останува и чека печалбарот да се врати? Дали вреди животот да се стави на пауза заради соништата на семејството? Дали изгубеното време се надоместува со било кои пари? Низ овие поставени прашања се обидовме да направиме античка трагедија низ македонскиот мелос од битовата драма на Ристо Крле, велат од Народен театар Охрид,

Карти по цена од 300 денари може да се набават на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

OhridNews