„Парите се отепувачка” премиерно во петок пред охриѓани
28.10.25 15:54
Најновата театарска претстава на Народен театар Охрид „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле охриѓани ќе можат премиерно да ја погледнат во петок, 31 октомври, со почеток во 20 часот. Претпремиерата ќе се одржи на 30 октомври, со почеток во 20 часот.
Во претставата играат Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре). Адаптацијата и режија е на Андреј Цветановски, сцена, костими и видео дизајн Сергеј Светозарев, а за музиката е задолжен Димитар Андоновски.
Билетите по цена од 300 денари за претпремиера и 400 денари за премиера можер да се набават на билетарата при Центарот за култура во период од 10 до 20 часот.
Во тек е поставување електричен кабел и водоводна цевка до храмот „Света Петка“ во Дебрца, со што треба да се обезбеди негово снабдување со струја и вода, соопшти градоначалникот Златко Сиљаноски С...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука на граѓаните Албанци, со порака дека заедничка должност е да се гради општество во кое различности...
На граничниот премин „Ќафасан“ претпладнево ќе биде промовиран интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ На промоцијата ќе присуствуваат премиерите на Македонија и Албанија, Христијан Мицкоски ...