Летните Олимписки игри во 2024 година ќе се одржат во францускиот град Париз, додека следните четири години подоцна ќе се организираат во Лос Анџелес.

За Париз ова е трета среќа, откако имаше неуспешни два обиди во 2008 и 2012 година. Да биде куриозитет поголем 2024 година француската престолнина ќе прослави 100 години од првата организира Олимпијада.

По трет пат најдобрите спортисти на едно место ќе ги собере Лос Анџелес, кој домаќин беше во 1932-та и 1984-та година.

Интересно, Парис и Лос Анџелес беа единствени конкуренти за ЛОИ 2024 после повлекување на Хамбург, Рим и Будимпешта, но и американците се повлекоа и ја добија организацијата за четири години подоцна.

OhridNews