
Најмногу време советот посвети на разгледување на состојбата во врска со иницијативите на Владата за изградба на хотелски комплекс на потегот Љубаништа – Св. Наум и изградба на аеродром на вода на Охридското Езеро.
На седницата беше донесен заклучок во кој се вели: „Советот на Општина Охрид искажува загриженост поради одземањето на ингеренциите од страна на Собранието и Владата на Република Македонија , како и за нетранспарентноста во врска со иницијативата за изградба на хотелски комплекс на потегот Љубаништа – Св. Наум и изградба на аеродром на вода во Охридското Езеро. Советот на Општина Охрид ги поддржува сите инвестиции , особено во туризмот, но секогаш го има во предвид оддржливиот економски развој, зашитата на животната средина, Охридското Езеро и Охрид како светско културно наследство“ .
Советниците
На седницата беше разгледана информацијата за последните пожари во Охрид , при што беше донесен заклучок во рамките на можностите локалната самоупрва да им помогне на семејствата на опожарените куќи.
На седницта беа донесени и одлуки за разрешување и именување на нови членови на Управниот одбор во Детската градинка „ Јасна Ристеска“.











