По раскинување на договорот со концесионерот oд страна на локалната самоуправа, со одлука на Советот на општина Охрид, стопанисувањето со дел од паркинг просторот во Охрид ќе го преземе Ј.П. „Билјанини извори“. Тоа ќе управува со паркингот на ул. „Македонски просветители“ од пресекот со бул „Туристичка“ до и заедно со кружниот тек, ул. „Партизанска“ од пресекот со „Македонски просветители“ до пресекот со ул .„Кузман Јосифовски Питу“, вклучително и оваа улица, од крстосницата на оваа улица со „Партизанска“ до пресекот со кејот и паркингот кај „Ривиера, како и со паркинг просторот ка Кеј „Маршал Тито“ од пресекот со „Македонски просветители“ до куќичката за наплата на кејот.

Наскоро се очекува јавното претпријатие да го преземе управувањето со јавниот паркинг, а најверојатно ќе има и нови, нешто пониски цени на паркирање за час, кои ќе бидат различни во зависност од зоната на паркирање.

OhridNews