Денеска започна партерното уредување на шеталиштето на новоизградениот кеј во селото Пештани.
Екипите на ЈП „Нискоградба“, МЈП „Проаква“ и РЕ Водовод Охрид, работеа на поплочување на просторот каде е предвидена пешачката патека, поставуваа клупи и ново осветлување со канделабри.
„Деновиве откако ќе заврши партерното уредување ќе се премине кон хортикултурно уредување на просторот, кога екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе пристапат кон правење паркови во кои ќе се засадат зимзелени растенија, тревни површини и цветни декорации.“ – велат од општина Охрид.
OhridNews