Градежната оператива на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ деновиве започна со партерно уредување на просторот пред „Охридска банка“ и Регионалниот центар на „ЕВН“.
Се врши бетонирање, поставување на гранитни плочки, обложување на ѕидовите со украсен камен, по што ќе бидат поставени и клупи за седење.
По завршувањето на градежните активности, екипите на јавното претпријатие ќе извршат и хортикултурно уредување на просторот. Финансиската конструкција на овој зафат изнесува околу 350.000 денари.
OhridNews