Партерно го уредивме просторот, односно реализиравме тротоарска површина крај стариот пат за Струга на делот што води кон извидничкиот центар во населба Даљан, стои во објавата на фејсбук профилот на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Претходно во комуникација со жителите од оваа населба, местото беше детектирано како критична точка за движење на пешаци. Вкупната површина изнесува околу 1000 метри квадратни, односно 510 метри должина и 2 метри ширина, се додава во објавата.
Средства за овој зафат се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews












